24фудбал

Лам: Ќе го дадеме максимумот за да го победиме Реал

Капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам вели дека тие ќе одиграат најдобро што можат за да го совладаат Реал Мадрид во првиот натпревар од полу-финалето во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Баварците на девет натпревари на домашен терен во дуелите со Лос Бланкос се без пораз, но Филип Лам вели дека историјата и статистиката немаат големо значење во пресрет на денешната пресметка на Алианц Арена.

“Тоа е минато.” – рече капитенот на Баерн на прес конференцијата. “Тие ќе се обидат да постигнат погодок и да победат.”

“Наша задача е да го дадеме максимумот, да прикажеме одлични перформанси и да се бориме од самиот старт.”

“Мали детали ќе го решат натпреварот. Ќе одиграме најдобро што умееме за да победиме. Доколку не успееме да триумфираме, барем да одиграме 0-0. Ќе биде одлично доколку не примиме погодок.”

Лам исто така вели дека Баерн зад себе го оставил разочарувањето од поразот во битката со Дортмунд за титулата во Бундеслигата.

“Не размислуваме на тоа.” – додаде тој. “Ќе бидеме вицешампиони во Бундеслигата, но играме во финалето од Купот на Германија и сеуште имаме шанси да освоиме две титули.”

“Не добива секој шанса да игра против Реал Мадрид во полу-финале од Лигата на Шампионите.”

Запрашан како може да се сопре Кристијано Роналдо, кој игра во одлична голгетерска форма, Лам одговори: “Имам голема почит кон Роналдо.”

“Тој има огромен талент, но исто така работи напорно за да биде подобар, да ги оствари своите цели и да ги исполни соништата. Со нетрпение го очекувам дуелот со Роналдо, кој е еден од најдобрите фудбалери во светот.”

“Но целиот тим ќе треба да работи напорно за да го сопреме. Тешко дека можете да го контролирате Роналдо во текот на сите 90 минути.”

“Но доколку успееме да го задржиме, и да не му дозволиме да се најде во премногу прилики за погодок, ќе имаме добри шанси за победа над Реал Мадрид.”