24фудбал

Мурињо: Потребен ни е чекор повеќе од минатата сезона, пласман во финале

Жозе Мурињо очекува интересен натпревар против Баерн Минхен и цели кон чекор повеќе од минатата сезона, пласман во финалето од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Вечерва на Алијанц Арената на програмата е првата полуфинална пресметка помеѓу големите Баерн Минхен и Реал Мадрид.
 
Кралевите под водство на Мурињо втор пат во серија доаѓаат до полуфиналето од Лигата на Шампионите, но овој пат амбициите се поголеми.
 
"Јас не направив никакви промени во клубот. Само помогнав тоа да се случи заедно со фудбалерите. Факт е дека Реал Мадрид со години не стигнал до оваа фаза од Лигата на Шампионите, и ние два пати по ред доаѓаме до полуфиналето, имаме само еден пораз на последните 22 натпревари во ова натпреварување. Сега треба да одиме чекор понапред и да се пласираме во финале" - изјави Мурињо на вчерашната прес конференција.
 
"Најголема пофалба за еден тим е да кажете дека тој игра како вистински тим, токму тоа го мислам за Баерн Минхен".
 
"Мислам дека тие се одличен тим со одредени фудбалери кои отскокнуваат од останатите, како во сите големи тимови".
 
"Овој тим на Баерн почна да се развива со Ван Гал пред некое време, сега игра фантастично под водство на Хејинкес. Имаат право да веруваат дека можат да дојдат до финалето".
 
"Немам дилеми околу стартниот тим со кој ќе настапиме. Знам кои ќе играат, знам кои ќе седат на клупата, а кои натпреварот ќе го гледаат од трибините. Работев многу на овој натпревар и немам дилеми. Вообичаено сакам да бидам сигурен за стартниот состав и мирно да спијам ноќта пред натпреварот. Па ги донесов моите одлуки".
 
"Нема да откријам ништо околу стартниот состав. Свесен сум кој е Кака и колку се добри неговите перформанси во Лигата на Шампионите. Не би бил интелегентен доколку не го искористам него во овие натпревари".
 
"Не ме интересира статистиката од претходните средби помеѓу овие два клуба, таа не ми значи ништо. Баерн има мотивација да игра финале на својот стадион, ние имаме друга мотивација. Не ме интересира што се случувало помеѓу двата тима во минатото".
 
"УЕФА многу добро се грижи за безбедноста и сигурен сум дека ќе имаат многу пожарникари наоколу кои ќе го изгасат пеколот кои не очекува во Минхен" - заврши во свој стил Мурињо.