24фудбал

Роналдо: Им благодарам на моите соиграчи

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е благодарен на своите соиграчи, вели дека без нив не би можел да постигнува голови и да ја игра својата игра.

Шпанија
Реал Мадрид синоќа го победи Атлетико Мадрид со 4-1, Кристијано Роналдо беше херојот на Кралевите постигнувајќи хет-трик.
 
Португалецот постигна два фантастични гола и ги собра насловните, тој вели дека најзначајно било да се победи на Висенте Калдерон, па мисијата е комплетирана.
 
"Знаевме дека натпреварот ќе биде комплициран. Атлетико играше добро, беа силни" - изјави Роналдо по натпреварот.
 
"Среќен сум поради погодоците и асистенцијата. Благодарен сум им на моите соиграчи бидејќи не би можел да дадам гол или да ја играм мојата игра без нив".
 
"Чувствувавме мал притисок поради победата на Барселона, ние моравме да го добиеме овој натпревар, па мисијата е комплетирана".
 
"Треба да победиме на останатите натпревари за да си ги зголемиме шансите за освојување на титулата".
 
"Тимот е во добра форма, самоуверен и подготвен за следниот натпревар".
 
Кристијано Роналдо е на уште еден жолт картон до суспензија, Португалецот мора да биде внимателен на дуелот со Спортинг, бидејќи потоа следува Ел Класико.
 
"Веќе два месеци сум на еден жолт картон до суспензија, но знам како да се однесувам".