24фудбал

Галијани со порака до Барса: Тиаго Силва не е на продажба

Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани вели дека на лидерите на Барселона ќе им порача дека дефанзивецот Тиаго Силва не е на продажба

Италија

Се шпекулира дека Тиаго Силва е една од желбите на Барселона за засилување на составот за следната сезона.

Во пресрет на вечерашниот дуел помеѓу Милан и Барселона во четврт-финалето од Лигата на Шампионите, лидерите на двата клуба попладнево заминаа на ручек.

Запрашан што ќе одговори доколку тема на разговор биде иднината на бразилскиот репрезентативец, Адриано Галијани за медиумите од Италија рече: “Доколку Сандро Росел праша за Тиаго Силва јас културно и решително ќе му одговорам дека фудбалерот не е на продажба.”

Потпретседателот на Милан потоа додаде: “Секогаш ги следам натпреварите на Барселона, се работи за фантастичен тим, ми се допаѓа начинот на кој играат.”

“Вечерва тие се фаворити, имаат многу шампиони во тимот, но понекогаш фаворитите губат.”

Тиаго Силва нема да настапи вечерва ниту на реванш средбата за седум дена, бидејќи ќе паузира околу еден месец поради повреда.