24фудбал

Видео: Синовите на Ван Бомел се фанови на Барса

Марк ван Бомел беше изненадувачки гостин на трененингот на Барселона на Сан Сиро, неговите два сина се фанови на каталонскиот клуб.

Видео
Холандскиот фудбалер од средниот ред кој една сезона го носеше дресот на Барселона, заедно со своите синови Томас и Рубен се појави на тренингот на Каталонците на Сан Сиро.
 
И покрај тоа што нивниот татко настапува за Милан, синовите на Марк во дресови на Барселона сакаа да ги поздрават своите миленици, Меси, Чави, Иниеста...
 
Вечерва Милан ја пречекува Барселона во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампионите, Ван Бомел поради суспензија нема да може да им помогне на Росоњерите во овој дуел.