24фудбал

Докторот на Болтон вели дека Муамба ’бил мртов 78 минути’

Докторот на Болтон, Џонатан Тобин потврди дека срцето на Фабрис Муамба не функционирало 78 минути по срцевиот удар што го доживеа младинскиот репрезентативец на Англија

Англија

Фудбалерот од средниот ред на Болтон добро се опоравува по срцевиот удар што го доживеа за време на средбата против Тотенхем во ФА Купот во саботата.

Првиот човек на медицинскиот тим на Болтон, Џонатан Тобин проговори за целата ситуација, и откри дека срцето на Муамба не функционирало околу 78 минути.

Тој истакна дека докторите неуспешно се обидувале да го оживеат Муамба 48 минути откако фудбалерот падна на теренот на Вајт Харт Лејн се до моментот кога е пренесен во London Chest Hospital, а потоа биле потребни уште 30 минути и 15 до 16 електро шокови за срцето на фудбалерот повторно да започне да чука.

“Тој беше мртов во тие моменти.” – рече Џонатан Тобин.

Др. Тобин потоа додаде: “Мило ми е што првичните знаци на опоравување продолжуваат.“

“Вчера бев да го посетам Фабрис. Се видовме и тој ми рече ’Здраво докторе.’ Го прашав како се чувствува и ми одговори ’Добро.’ Потоа му објаснив што се случи.”

Поради добриот прогрес кој го бележи Муамба, Болтон побара средбата со Блекбурн овој викенд да не се одложи и да се одигра според предвидениот распоред.