24фудбал

Тетекс го победи Напредок

Тетекс минимално со 1-0 го совлада Напредок во заостанат натпревар од 20. коло во МПФЛ.

Македонија
Тетекс пред своите навивачи дојде до големи три бода во борбата за опстанок победувајќи го Напредок со 1-0.
 
Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Урошевиќ во 79. минута.
 
Утре во Тетово се игра и последниот натпревар од 20. коло во Првата Македонска Лига, во дербито Шкендија го пречекува Вардар.