24фудбал

Шкендија - Вардар во четврток

ФФМ ги објави термините за одигрување на натпреварите Шкендија - Вардар и Тетекс - Напредок, двата дуели се играат во Тетово.

Македонија
Одложените натпревари од 20. коло Тетекс - Напредок и Шкендија - Вардар ќе се играат утре и задутре.
 
Натпреварот помеѓу Тетекс и Напредок на програмата е утре со почеток во 14 часот.
 
За во четврток е закажан дерби дуелот помеѓу Шкендија и Вардар, исто така со почеток од 14 часот.
 
ФФМ потсетува и дека натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар е прогласен за натпревар од висок ризик.