24фудбал

Португалија - Македонија на 26. мај во Лисабон

На 26. мај во Лисабон, македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Португалија.

Македонија
Македонската фудбалска репрезентација ќе има силна контрола против селекција на Португалија предводена од Кристијано Роналдо.
 
Дуелот со Македонија ќе биде еден од подготвителните натпревари на Португалија за Европското првенство кое оваа година ќе се оддржи во Полска и Украина.
 
Фудбалската Федерација на Македонија посакува да договори уште една или две контроли во тој период кога селекциите ги имаат последните подготовките за првенството.
 
Ова ќе биде втор натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Португалија, првиот беше одигран на 2. април 2003 во Женева, загубивме минимално со 1-0.
 
Португалија на ЕВРО 2012 се наоѓа во "групата на смртта" заедно со селекциите на Германија, Холандија и Данска.
 
Македонија на 29. февруари со гостување кај Луксембург ја започнува серијата пријателски натпревари пред новиот квалификациски циклус.