24фудбал

Агентот на Бенитез: Не сме имале контакт со Челзи

Агентот на Рафа Бенитез инсистира дека тие не оствариле контакт со Челзи за можноста Шпанецот да го наследи Андре Вилаш Боаш на кормилото на Стемфорд Бриџ

Англија

Во вторникот неколку весници од Англија објавија дека ’Сините’ стапиле во контакт со Рафа Бенитез, и се распрашувале за можноста поранешниот менаџер на Ливерпул да го замени Андре Вилаш Боаш.

Сепак, Мануел Гарсија Килон инсистира дека тие не оствариле контакт со Челзи.

“Нема ништо официјално.” – рече тој.

“Се работи само за шпекулации на медиумите, никој од таборот на Челзи не стапил во контакт со нас.”

“Ќе ја разгледаме оваа можност само кога ќе добиеме конкретна понуда.”

Челзи игра очајно лошо во последно време, избраниците на Андре Вилаш Боаш имаат само две победи на последните 10 средби од Премиерлигата, а ’Сините’ беа поразени со 3-1 и на гостувањето кај Наполи во првиот натпревар од осмина-финалето во Лигата на Шампионите.