Вилаш Боаш верува дека Челзи може да ја анулира предноста на Наполи

Андре Вилаш Боаш верува дека Челзи во реваншот на Стемфорд Бриџ може да ја анулира предноста на Наполи и да се пласира во 1/4 финалето.
Челзи одигра уште еден разочарувачки натпревар и загуби на гостувањето кај Наполи со 3-1.
 
Сините од Стемфорд Бриџ можеа да примат уште некој гол, но Петр Чех се истакна со неколку добри одбрани, а од гол линијата спасуваше и Ешли Кол.
 
Андре Вилаш Боаш е разочаран од поразот но верува дека Челзи може да се пласира во 1/4 финалето.
 
"Откако дадовме гол имавме шанси да зголемиме и на 2-0, пропуштивме неколку можности, требаше да казниме неколку нивни грешки, бидејќи во спротивно тие имаат напад кој знае да казни. Тоа и се случи" - вели Вилаш Боаш.
 
"Доколку загубевме со еден гол разлика ќе беше подобро. Со два гола е потешко да се вратите но не и невозможно се разбира".
 
"Ќе анализираме темелно што беше погрешно на овој натпревар има повеќе работи кои треба да ги подобриме".
 
"Доколку поведевме со 2-0, приказната ќе беше поинаква. Наполи беше многу поефикасен. Статистиката е слична и двата тима клеираа многу во натпреварот кој беше отворен од почеток до крај".
"Наполи го постигна третиот гол кога ние го имавме нашиот најдобар период, и тоа влијаеше на нашата игра".
 
"Имаме уште 90 минути пред нас и имаме можност да го надополниме тоа, со овој гол постигнат на гости, можеме да ги свртиме работите".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]