24фудбал

Тевез конечно му се извини на Манчестер Сити

Карлос Тевез конечно се извини за неговото однесување во изминатите неколку месеци, и направи чекор кон враќање во тимот на ’Граѓаните’

Англија

Аргентинецот исто така ја повлече жалбата поднесена до Премиерлигата за казната што му ја изрече Манчестер Сити за прекршување на договорот, откако напаѓачот помина три месеци во родната земја без дозвола на клубот.

Во соопштение што беше поставено на официјалната веб страна на Манчестер Сити, Тевез рече: “Сакам да им се извинам искрено и отворено на сите оние кои ги разочарав и ги навредив со моите постапки во изминатите неколку месеци.”

“Мојата желба е да се концентрирам на играњето фудбал за Фудбалскиот Клуб Манчестер Сити.”

Од таборот на ’Граѓаните’ исто така пренесуваат дека Тевез започнал со специјална тренинг програма, дизајнирана за напаѓачот да се врати во отпимален фитнес што е можно поскоро.

Тевез нема настап за Сити од септември, кога одби да се загрее на средбата против Баерн Минхен во Лигата на Шампионите.

Тогаш Роберто Манчини рече дека напаѓачот никогаш повеќе нема да заигра за Сити, но стратегот подоцна го промени својот став и сугерираше дека Тевез би можел да се врати во тимот доколку се извини.

Сега откако напаѓачот се извини, останува да се види дали Тевез ќе добие шанса одново да го облече дресот на ’Граѓаните’.