24фудбал

Вилаш Боаш: Нема да добијам отказ

Андре Вилаш Боаш добил уверување од Роман Абрамович дека нема да биде отпуштен и во случај Челзи да не го помине Наполи во Лигата на Шампионите.

Англија
Челзи игра сезона под сите очекувања, па притисокот врз Андре Вилаш Боаш е огромен, медиумите постојано пишуваат дека неговата позиција е крајно несигурна.
 
Во изминатите недели Роман Абрамович неколку пати го посети тренинг комплексот на Челзи, а фановите го скандираа името на Жозе Мурињо на дуелот со Бирмингем.
 
Но, Вилаш Боаш вели дека неговата работа е безбедна и тој нема да добие отказ и во случај Челзи да доживее елиминација од Лигата на Шампионите.
 
"Сопственикот има потполна доверба во она што го правиме" - изјави Андре Вилаш Боаш.
 
Вилаш Боаш вели дека бордот е подготвен да му даде време да изгради нов тим на Челзи способен да освојува трофеи.
 
"Од пораката која ја добив од клубот има чиста индикација дека во иднина ќе има промени во начинот на приод кон проектите".
 
"Има верба во она што ќе го правиме следната година, ќе креираме тим со кој ќе се обидеме да освоиме најголем број трофеј што можеме".
 
"Но тоа не значи дека немаме одговрност за оваа сезона. Шпекулациите се нормални поради историјата на овој клуб креирана во изминатите години со промени на менаџерите".
 
"Со полна доверба од сопственикот јас ќе продолжам да ја извршувам мојата работа, тука сум оваа година а ќе бидам и следната".