24фудбал

Којашевиќ го реши Работнички, Вардар повторно на плус 5 од Шкендија

Црвено-црните прокнижија нови 3 бода и тоа во градското дерби против незгодниот Работнички.

Македонија

Останува разликата помеѓу Вардар и Шкендија откако и лидерот вечерва прокнижи три бода.

Вардар беше подобар од локалниот ривал Работнички благодарение на голот на Дамир Којашевиќ (фото) постигнат уште во 16. минута.

Втор пат сезонава Вардар го совладува градскиот ривал откако првиот пат славеше со 2:1. Еднаш одиграа и нерешено 1:1, додека двата тима се сретнаа и во Суперкупот кој исто така заврши 1:1, но Вардар го освои пехарот откако подобро изведуваше пенали.

Национална Арена Филип II во Скопје
Вардар - Работнички 1:0 (1:0)
Стрелец: 16' Дамир Којашевиќ
Вардар: Пачовски; Попов, Грнчаров (к), Новак, Хамбарџумјан; Николов, Глигоров, Дашјан (71' Петковски); Ќеран (79' Ивановски), Фелипе, Којашевиќ (55' Глишиќ).
Работнички: Шишковски; Силјановски, Илиевски (к), Б. Маркоски (60' К. Маркоски), Ерера (85' Ристовски); Најдовски, Петровиќ, Трајчевски, Цикарски; Јованоски (69' Елмас), Алтипармаковски.
Жолти картони: Глигоров, Грнчаров, Фелипе (В), Најдовски, Петровиќ (Р)
Црвени картони: /
Главен судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)