24фудбал

Нова висока победа на Брегалница, Муслиу го реши Младост (ВИДЕО)

Брегалница, Ренова и Турново продолжуваат со битката за избегнување на плеј-аут групата, Шкендија одвај со Силекс.

Македонија

Брегалница дојде до очекувани и важни три бода против фенерџијата Металург. Во интервал од само една минута околу средината на првиот дел, штипјани два пати ја затресоа мрежата на гостите. Во вториот дел додадоа уште два гола за конечна победа од 4:1 бидејќи Металург постигна почесен гол со надополнувањето.

Шкендија почна фуриозно против Силекс откако во 8. минута резултатот веќе гласеше 2:0 благодарение на двата гола на Бесарт Ибраими. Српскиот интернационалец ги врати во игра гостите со гол на три минути пред паузата. Најдобриот стрелец во лигата до крајот прослави и хет-трик за конечни 3:1.

Ренова имаше проблеми со Младост во првиот дел кој заврши без голови, а во кој гостите погодија статива. Но, после паузата Ренова постигна три гола и дојде до бодовите. Јунак беше бекот Висар Муслиу кој со два гола со глава буквално го реши победникот.


Најмалку голови имаше во Турново каде што гостуваше Шкупи. Домаќините славеа со 1:0 благодарение на голот на Тимов пет минути после паузата.

Со оглед на тоа што сите три тима кои се борат за излез од плеј-аут зоната дојдоа до победи, ситуацијата на табелата останува непроменета: Турново со 30 е во плеј-оф зоната, додека Брегалница со 29 и Ренова со 28 остануваат во групата за испаѓање.

Резултати од 25. коло:

Брегалница - Металург 4:1
27' Деан Митрев, 28' Стојанчо Велинов, 56' Горан Здравков, 71' Анѓел Нацев - 90'+1 (пен ) Благоја Наумоски

Шкендија - Силекс 2:1
5', 8', 90'+2 Бесарт Ибраими - 42' Игор Недељковиќ

Ренова - Младост 3:0
54', 77' Висар Муслиу, 73' Љавдрим Скендери

Турново - Шкупи 1:0
50' Филип Тимов

Скопското дерби помеѓу Вардар и Работнички почнува од 18.00 часот.