24фудбал

Ја победија Ренова, славеа како да ја треснале Барселона (ВИДЕО)

Играчите на Силекс по минималниот триумф над Ренова збеснаа во соблекувалната небаре ја победиле Барселона.

Македонија

Во 24. коло од македонската Прва Лига Силекс во Кратово ја пречека Ренова и одвај ја совлада со 1:0 и тоа со гол од крајно сомнителен пенал.

По завршувањето на натпреварот, огромно славје на домашните играчи во соблекувалната каде се пееше и пееше како кој знае што да освоиле, а не три бода против некоја си Ренова.