24фудбал

Милито му донесе победа на Интер во дербито на Милано

Со голот на Диего Милито, Интер го доби големото градско дерби против Милан и ја направи трката за Скудетото многу поинтересна!

Италија
Интер со 1-0 славеше над Милан во градското дерби, Диего Милито е херојот на Нероазурите.
 
Поради лидерската позиција на табелата и поголемата поддршка од навивачите на Сан Сиро, Милан влезе како благ фаворит во ова дерби.
 
Росоњерите имаа повеќе од играта, имаа и одлични шанси за гол, но трите бода одат на контото на Интер.
 
Во првото полувреме пречката беше сојузник на Жулио Цезар откако Ван Бомел ја погоди со одличен удар.
 
По девет минути игра во вториот дел Диего Милито постигнува гол за водство на Интер од 1-0, Абате погреши во дефанзивата.
 
До крајот на натпреварот тежиштето на играта се пресели пред голот на Интер кој умешно го сочува водството од 1-0.
 
Многу значајни три бода за Интер со кои сигурно се враќа во игра за Скудетото.
 
Јувентус иако киксираше против Каљари играјќи 1-1, по поразот на Милан, се осамостои на врвот во Серија А.