24фудбал

Мбокани за терористичкиот напад на аеродромот во Брисел: Среќа што ја послушав сопругата, ми го спаси животот

Напаѓачот на Норич, Диумерси Мбокани вели дека го преживеал терористичкиот напад на аеродромот во Брисел само поради тоа што ја послушал сопругата да го почекаат нивниот пријател Нејтан Кабаселе

Останато

Фудбалерот во вторникот наутро од аеродромот во Брисел требал да лета за Конго на должност со репрезентацијата.

Кога се случил терористичкиот напад на аеродромот, Диумерси Мбокани бил пред влезот на аеродромот, и тоа само поради тоа што неговата сопруга инсистирала да го почекаат пријателот Нејтан Кабаселе.

„Сопругата ми го спаси живтот – вели Мбокани. „Јас сакав порано да влеземе во аеродромот.

„Но таа ми рече да почекаме уште некоја минута за да пристигне Нејтан Кабаселе и неговата девојка, кои исто така летаа со нас.

„За среќа останавме живи.

„Кога ја слушнавме експлозијата, веднаш легнавме на земја, потоа се упативме кон хотелот Шератон, и на крајот завршивме на паркингот зад хотелот.

„Ги оставив сите седумте куфери пред аеродромот. Еден таксиста подоцна ми донесе три куфери, а останатите ги добив дури во средата.