24фудбал

Анчелоти: Пато не одби, но ќе ангажираме друг топ фудбалер

Карло Анчелоти вели дека ПСЖ и Милан постигнале договор за трансферот, но Пато бил тој што одлучил да остане на Сан Сиро наместо да се пресели на Паркото на Принцовите

Франција

Александре Пато вчера соопшти дека останува во Милан и покрај тоа што напаѓачот имаше понуда од ПСЖ за преселба во Париз.

Тренерот на ПСЖ, Карло Анчелоти не очекува Бразилецот да се предомисли, и вели дека тие сега ќе се обидат да ангажираат друг топ фудбалер.
 
“Пато нема да пристигне.” – рече стратегот на денешната прес-конференција. “Имавме договор со Милан, но Пато реши да остане на Сан Сиро.”

“Не треба да објаснувам зошто тој не дојде, одлуката е на фудбалерот, ја почитувам и мораме да ја прифатиме.”

“Мислам дека повеќе нема надеж дека тој ќе се пресели во ПСЖ, се е готово.”

“Ние продолжуваме со потрагата на нов напаѓач, и има доста време до крајот на трансфер периодот.”

“Сакаме да ангажираме топ фудбалери со цел да го подобриме тимот, и мислам дека ќе успееме во тоа.”

Медиумите од Франција денеска пишуваа дека ПСЖ сега се насочува кон уште еден Бразилец, Леандро Дамиао од Интернационал.