24фудбал

Официјално: Алегри го продолжи договорот со Милан до 2014

Актуелниот шампион на Италија соопшти дека тренерот Масимо Алегри ставил потпис на нов договор со трајност до 30. јуни 2014

Италија

Милан и Алегри подолго време беа во преговори за продолжување на соработката, и во неколку наврати двете страни истакаа дека се блиску до постигнување на договор.

Во пресрет на дербито на Милан, ’Росоњерите’ соопштија дека Масимо Алегри, чиј претходен договор истекуваше по крајот на оваа сезона, ќе остане на тренерското столче уште две дополнителни години.

“Милан може да соопшти дека Масимо Алегри го продолжи договорот до 30. јуни 2014.” – гласеше соопштението на Милан.

Алегри се пресели во црвено-црната половина на Милано во 2010, и во својата прва сезона на Сан Сиро, на Милан му го донесе Скудетото по пауза од седум години.