24фудбал

Галијани во Англија на средба со Сити

Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани е во Англија и ќе се обиде да постигне договор со Манчестер Сити за трансферот на Карлос Тевез

Италија

Актуелниот шампион на Италија од поодамна ги договори личните услови на Тевез, но Милан до сега не успеа да пронајде договор со ’Граѓаните’ за начинот на кој ќе се реализира трансферот.

Интер исто така се обидува да го ангажира напаѓачот, и постои можност Нероаѕурите да го украдат аргентинскиот репрезентативец пред својот градски ривал.

Последните извештаи што пристигнуваат од Италија говорат дека Адриано Галијани веќе е во Лондон, и потпретседателот на Милан на лидерите на Сити ќе им достави нова подобрена понуда.

Се говори дека ’Росоњерите’ ќе понудат позајмица до крајот на сезоната, со обврска за перманентен трансфер вреден 25 милиони евра, плус неколку милиони во бонуси - понуда слична на онаа што Интер веќе ја испрати до Сити.

Адриано Галијани се надева дека оваа понуда ќе биде прифатлива за ’Граѓаните’, и тие ќе дадат зелено светло за Карлос Тевез да се пресели на Сан Сиро.