24фудбал

Gazzetta dello Sport: ПСЖ достави понуда од 28 милиони евра за Пато

Во денешното издание Gazzetta dello Sport објавува дека ПСЖ изпратиле конкретна понуда до Милан за услугите на Александре Пато.

Италија
Пато постојано се поврзува со заминување од Милан иако и клубот и тој инсистираат дека тоа нема да се случи.
 
Сепак, Gazzeta dello Sport информира дека ПСЖ испратиле понуда до Милан за услугите на Пато вредна 28 милиони евра.
 
Таа сума е премала, Милан го проценува Пато на најмалку 40 милиони евра, па се очекува доколку понудата навистина постои, таа експресно да биде одбиена.
 
Некои сметаат дека Милан би можел да се откаже од услугите на Пато со цел да собере средства за ангажман на Тевез.
 
Но многумина не би направиле таков потег, не би го жртвувале Пато за трансфер на Тевез.
 
"Доколку јас треба да избирам помеѓу Тевез и Пато, би го одбрал Бразилецот" - изјави поранешниот тренер на Бреша, Марио Барета.
 
"Патоа сеуште е млад и има простор за напредок".
 
"Има неколку проблеми во неговото партнерство со Ибрахимовиќ во нападот, но мислам дека тоа е психолошки проблеми кој може да биде решен".