24фудбал

Тевез му кажал НЕ на Интер

Според пишувањата на Sportmediaset, Карлос Тевез го одбил Интер, и само посакува да игра покрај Златан Ибрахимовиќ во Милан

Италија

Нероаѕурите се обидуваат да го украдат аргентинскиот интернационалец пред својот лут градски ривал, и веќе започнаа преговори со Манчестер Сити.

Се шпекулира дека Интер е на добар пат да постигне договор со ’Граѓаните’ за начинот на кој ќе се реализра зделката, но според пишувањата на Sportmediaset, Карлос Тевез одбил да се пресели во црно-сината половина на Миланo.

Техничкиот директор на Интер, Марко Бранка денеска остварил информативен разговор со агентот на Тевез, но добил само негативен одговор.

Sportmediaset пренесува дека Киа Јорабчијан на Бранка му соопштил: “Карлос ми кажа дека само сака да игра покрај Златан Ибрахимовиќ во Милан.”

Актуелниот шампион на Италија уште од поодамна ги договори личните услови на Тевез, но Милан сеуште не може да пронајде договор со Манчестер Сити за условите под кои ќе се комплетира трансферот.