24фудбал

Интер го потврди интересот за Тевез

Претседателот на Интер, Масимо Морати потврди дека тие посакуваат да го донесат Карлос Тевез на Џузепе Меаца.

Италија
Милан сериозно се поврзуваше со ангажман на Карлос Тевез, според информациите тие ги договориле личните услови со фудбалерот, но разговорите со Сити одат тешко.
 
Градскиот ривал на Милан, Интер сака да ја искористи таквата позиција и да им го "украде" Карлос Тевез на Росоњерите.
 
Масимо Морати потврди дека пишувањата во медиумите не се шега и тие вистински прават обиди да го донесат Тевез во тимот.
 
"Нашиот интерес за Тевез е вистински, не е шега" - потврди Морати за fcinternews.it.
 
"Мислиме дека тоа би била добра операција".
 
"Се обидовме да дојдеме до информации од Сити да видиме како стојат работите, дали има простор или не за преговори, потоа ќе видиме дали можеме да го ангажираме или не".
 
"Не се работи за оптимизам или песимизам, само треба да почекаме и да видиме што ќе се случи".
 
"Има уште 20 дена до крајот на преодниот рок, тоа е многу време".
 
Во меѓувреме, медиумите од Италија пренесуваат дека ’Граѓаните’ ја прифатиле понудата на Интер за услугите на Тевез.
 
Се говори дека Нероаѕурите понудиле да го ангажираат напаѓачот на шест месечна позајмица со обврска за перманентен трансфер по крајот на сезоната вреден 25 милиони евра плус бонуси.