24фудбал

Трет пат по ред, Меси најдобар фудбалер во светот

Лионел Меси ја доби Златната Топка на ФИФА за 2011, ѕвездата на Барселона трета година по ред ја освојува престижната награда.

Шпанија
Лео Меси ја освои Златната Топка на ФИФА за најдобар фудбалер во светот за 2011 година.
 
Аргентинецот во конкуренција на Чави и Кристијано Роналдо беше прогласен за победник.
 
Ова е трета Златна Топка по ред на Меси, со што ѕвездата на Барселона го израмни рекордот на Мишел Платини.
 

"Големо задоволство е да се добие оваа награда по трет пат, честа е голема" - изјави Меси.


"Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, фудбалерите и тренерите кои гласаа за мене".


"Сакам да и се заблагодарам на моите соиграчи од Барселона и Аргентина, без нив ова не можеше да биде возможно".


"Но најмногу сакам наградата да ја поделам со Чави: ти го заслужуваш овој трофеј исто колку и јас".