24фудбал

Алегри: Интер се враќа во трката за Скудетото

Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри стравува дека Интер се враќа во трка за Скудетото.

Италија
Интер имаше разочарувачки старт на сезоната, но како што одминуваше времето се подобруваше и формата на Нероазурите.
 
Тие новата година ја стартуваа на импресивен начин со победа од 5-0, имаат осум бода заостанување зад Милан и Јувентус, па Алегри верува дека Интер повторно е во трка за титулата.
 
"Се надевам дека грешам, но мислам дека Интер би можел до самиот крај да се бори за титулата" - изјави Алегри.
 
Интер победи на седум од последните осум натпревари во Серија А и во моментов се наоѓа на петата позиција на табелата зад Лацио, Удинезе, Јувентус и Милан.
 
Во наредното коло се игра големото градско дерби помеѓу Милан и Интер.