24фудбал

Годин со порака за арогантниот Гути

Репрезентативецот на Уругвај, Диего Годин го советува Гути да покаже малку поголема почит кон фудбалерите на Атлетико Мадрид

Шпанија

Легендата на „Кралевите“ испрати провокација во пресрет на големото градско дерби и истакна дека ниту еден фудбалер на Атлетико Мадрид не е доволно добар за да го облече дресот на Реал Мадрид.

Со голот на Антоан Гризман, популарните „Колченероси“ вчера го добија големиот противник, и тоа трет пат во низа на Сантијаго Бернабеу.

По триумфот, дефанзивецот Диего Годин му порача на Гути да покаже поголема почит кон фудбалеите на Атлетико Мадрид.

„Како дете ме учеа да бидам скромен, да покажувам почит и во никој случај да не бидам арогантен” – вели репрезентативецот на Уругвај.

„Ако сака, секој може да го следи овој совет”.

„Би ценел доколку секој покажува почит кон играчите на Атлетико, на ист начин како што ние го почитуваме Гути и фудбалерите на Реал Мадрид”.