24фудбал

Навивач на Реал не го прифати најдобро поразот од Атлетико, ги фрли сите дресови во ѓубре (ВИДЕО)

Навивач на Реал Мадрид кој живее во Мајами, револтиран од синоќешниот пораз на Бернабеу од Атлетико, во ѓубре ги фрли сите дресови кои ги има од клубот.

Видео

Реал Мадрид нема најдобра сезона во Примера, битката за титулата е веќе загубена, а тешко дека ќе можат да завршат и на втората позиција.

Синоќешниот пораз на свој терен од градскиот ривал повторно ги разочара фановите. Еден навивач на Реал Мадрид од Мајами беше до толку погоден од загубениот меч што ги фрли сите дресови од кралскиот клуб.

Пред да го направи чинот, навивачот изјави: „Јас го почитувам овој клуб, но тој не ме почитува мене“.

Видеото можете да го погледнете на овој ЛИНК.