24фудбал

Партизан се жали: Кражба, поништен ни е чист гол и недосуден пенал (ВИДЕО)

Црно-белите распукаа по судијата откако со 2-1 го загубија дербито од Црвена звезда, сметаат дека не им е досуден чист пенал и неоправдано им е поништен гол.

Останато

150. вечно дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда не поминува без контроверзи. Гостите победија со 2-1, а домаќините се бесни на судењето.

Во 11. минута Марко Петковиќ го собори Немања Михајловиќ, судијата со мирно срце можеше да досуди пенал, но Партизан не доби ништо.


Во 47. минута Партизан постигна гол, но тој е поништен поради офсајд. Стрелецот на голот не е во недозволена позиција, има еден фудбалер на домаќините во офсајд, но тој не влијаеше на играта.


На својот сајт по натпреварот Партизан напиша: „Судии, срам да ви е на сите по ред, ова е кражба“.