24фудбал

Симеоне: Нашите фанови одново се горди на својот тим

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е горд на своите избраници по новиот триумф над градскиот ривал Реал Мадрид

Шпанија

Погодокот на Антоан Гризман на стартот од вториот дел беше доволен за Атлетико Мадрид со цел плен да замине од гостувањето кај „Кралевите“.

„Играме со гордост, посветеност и страст” – рече Диего Симеоне по крајот на натпреварот. „Пруживме извонредна партија”.

„Уште еднаш нашите фанови ќе бидат екстремно горди на својот тим”.

„Се мачевме во воведните минути, но од 20. минута па до крајот имавме контрола”.

„Останавме доследни на нашата најсилна страна и игравме едноставно. Перформансите беа достојно преставување на Атлетико Мадрид, и сите напорно работиме токму за тоа”.

Ова беше трета победа во низа на Атлетико Мадрид на гостувањето на Сантијаго Бернабеу.

„Нема да правиме драма од тоа. Тешко можам да објаснам како се чувствуваат моите играчи”.

„Еден ден ќе загубиме, но тимот ќе продолжи да игра на ист начин. Заедно градиме подобра сегашност и подобра иднина”.

Имаме неколку млади фудбалери кои се пробиваат во првиот тим”.