24фудбал

Зидан: За нас Примера е веќе загубена

По поразот од Атлетико, Зизу се предава кога станува збор за титулата во лигата бидејќи реално тешко дека Реал ќе може да ја стигне Барса.

Шпанија

„Готови сме со Примера. Да се загуби дома од Атлетико е тежок удар. Сепак, имам голема доверба во играчите. Наредната сезона ќе видиме што треба да се менува. Не сум задоволен од натпреварот, не можам да бидам бидејќи го загубиме. За мене и за тимот важно е сега да мислиме на нашата наредна задача.“

Зинедин Зидан е разочаран од дерби поразот среде Сантијаго Бернабеу и ја превзема одговорноста.

„Кога ќе загубиш дерби на домашен терен секогаш е ср.ње, извинете на изразот. Но, мораме да се однесуваме професионално, Мадрид не смее никогаш да се предаде. Одговорноста е моја, треба да најдам решение.“

Шпанските медиуми ги обвинуваат играчите на „кралскиот“ клуб дека физички не се добро подготвени, но француската легенда не се согласува со тоа.

„Беше тежок натпревар. Кога имаш шанси треба да реализираш. Денес проблемот беше психички, не физички. Треба да се вложи повеќе труд.“