24фудбал

Црвена звезда го доби 150. вечно дерби против Партизан (ВИДЕО)

Црвена звезда уште еднаш ја покажа својата доминација оваа сезона победувајќи го Партизан на негов терен со 2-1, Бабунски остана на клупата за резерви.

Останато

Црвена звезда го доби јубилејното 150. дерби и ја зголеми предноста над Партизан на неверојатни 32. бода.

Давид Бабунски од клупата за резерви го проследи мечот помеѓу најголемите ривали.

Натпреварот почна добро за домаќините, во 17. минута дојдоа во водство преку Гугуа, но кратко траеше радоста на „гробарите“, Црвена звезда со головите на Ибањес во 24. и Виеира во 32. минута направи комплетен пресврт кој на крајот значеше и победа.

Последните 20. минути Црвена звезда ги одигра со играч помалку откако Луковиќ заработи два брзи жолти картони, но Партизан не успеа да се спаси од пораз.