24фудбал

Гризман му пресуди на Реал, Атлетико го доби дербито на Мадрид (ВИДЕО)

Со гол на Гризман, Атлетико Мадрид со 1-0 го победи Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу и се зацврсти на втората позиција на табелата во Примера.

Шпанија

Атлетико Мадрид го освои целиот плен во градската битка благодарение на Гризман кој погоди во 53. минута.

По едно одлично двојно додавање со Фелипе Луиз, Гризман реализираше за водство на Атлетико Мадрид кое на крајот се покажа и како пресудно.

Реал Мадрид имаше повеќе од играта, но Атлетико Мадрид фантастично се бранеше недозволувајќи му на фаворитот да создаде посериозни шанси за гол.

Кралевите јалово напаѓаа, имаа неколку прилики преку Кристијано Роналдо, пред крајот Данило можеше да изедначи, но не се затресе мрежата на Облак.

По овој меч, Атлетико Мадрид има четири бода предност пред Реал Мадрид.