24фудбал

Партизан ја пречекува Звезда, прво „вечно дерби“ за Давид Бабунски

Денеска се игра вечното српско дерби, Партизан ја пречекува Црвена звезда, македонскиот фудбалер Давид Бабунски за прв пат ќе биде дел од големата белградска пресметка.

Македонија

Црвена звезда е апсолутен лидер во српското првенство и има неверојатна предност од 29 бодови пред големиот градски ривал Партизан. Но и покрај тоа дуелот помеѓу овие две екипи секогаш привлекува голем интерес.

Денеска од 17 часот започнува јубилејното 150. „вечно дерби“ и се е подготвено за уште една голема пресметка помеѓу градските ривали.

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски за прв пат ќе има можност да ја почувствува атмосферата на дербито. Тој нема да се најде во стартниот тим на „црвено-белите“ но очекувањата се дека во текот на вториот дел ќе влезе во игра.

Своето официјално деби за Црвена звезда, Бабунски го имаше во минатото коло кога ги одигра последните десетина минути од дуелот против Младост. По тој меч нашиот фудбалер беше импресиониран од атмосферата, а како ли ќе биде денес.