24фудбал

Ѕвездата на Атлетико проговори за тешките денови во школата на Реал Мадрид

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Њигес се присетува на времето поминато во младинските категории на „Кралевите“

Шпанија

Во пресрет на дербито на Мадрид, Саул Њигес проговори за неговиот краток престој во школата на Реал.

„Во годината помината во Реал научив многу работи, созреав многу” – вели Шпанецот.

„Тоа беше тешка година, бидејќи ми се случија многу работи кои немаа врска со спортот”.

„Ми ги крадеа копачките, ми ја крадеа храната... Две недели не смеев да стапнам во Валдебебас (тренинг центарот на Реал) поради работи кои не ги направив”.

„Му дадоа писмо на тренерот и му кажаа дека јас сум го напишал. Но јас навистина не го напишав”.

„Но овие работи не ме повредија, бидејќи сето тоа беше добро искуство”.

По годината помината во школата на Реал, Саул Њигес решил да се испроба во редовите на Атлетико и не погрешил.

21 годишниот фудбалер оваа сезона го зацементира своето место во стартниот состав на клубот од Висенте Калдерон, се наметнува како нова ѕвезда и веќе го привлече вниманието на гигантите ширум Европа.