24фудбал

Анчелоти ја анализира работата на Зидан

Поранешниот предводник на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека без разлика како „Кралевите“ ќе ја завршат сезоната, Зинедин Зидан треба да остане на тренерското столче

Шпанија

Французинот во јануари го превзеде кормилото на првиот тим, и за кратко време донесе позитивни промени во играта на Реал Мадрид.

Сепак, по ремито на гостувањето кај Малага, „Кралевите“ заостанаа 9 бода зад лидерот Барселона, па многумина се посомневаа дека Зинедин Зидан може да биде долгорочно решени за клубот од Сантијаго Бернабеу.

Сепак, Карло Анчелоти воопшто не се сомнева во работата на Зизу и вели дека тој треба да остане на тренерското столче и следната сезона.

„Го очекував ремито против Малага” – напиша Италијанецот во колумната за Sina Sports. „Не сум пророк, едноставно направив проценка по средбите што Атлетико и Барса ги одиграа на гости кај Малага”.

„Атлетико загуби, а Барса иако победи, лесно можеше да замине само со еден бод”.

„Јасно е дека Реал има проблеми кога игра во гости. Така беше на дуелот со Бетис, така беше и на средбата против Гранада, иако овој натпревар го добија благодарејќи на магијата на Модриќ”.

„По ремито во Малага мали се шансите за титулата, но како што кажа Зидан, Реал никогаш не се откажува”.

Анчелоти исто така вели дека Реал сега треба да направи приоритети, и советува „Кралевите“ поголемо внимание да посветат на Лигата на Шампионите отколку на Примера.

„Како што стојат работите во овој момент, Реал мора да ги утврди приоритетите, мора Лигата на Шампионите да биде најважна цел”.

„Имаат добра позиција во ова натпреварување, славеа над Рома и се еден од кандидатите за титулата”.

„Но Лигата на Шампионите не е лесна, бара голем напор, висок степен на фокус и мал простор за грешка. Секако, потребно ви е и среќа”.

„Без разлика како Реал ќе ја заврши сезоната, мислам дека Зинедин Зидан треба да остане тренер на „Кралевите“ и следната сезона”.