24фудбал

Гути ја загрева атмосферата: Ниту еден играч на Атлетико не е доволно добар да игра за Реал

Поранешната ѕвезда на „Кралевите“, Гути верува дека ниту еден играч на Атлетико Мадрид не може да се избори за место во составот на Реал Мадрид

Шпанија

Двата градски ривали во сабота ќе ги одмерат силите на Сантијаго Бернабеу, а Гути вели дека во негово време, Реал Мадрид лесно излегувал на крај со Атлетико.

„Кога јас играв з Реал, гостувањата на Висенте Калдерон беа лесни натпревари” – вели Шпанецот кој го носеше дресот на „Кралевите“ од 1995 до 2010.

„Но работите се променија откако Диего Симеоне седна на тренерското столче. Сега натпреварите се многу тешки”.

„Атлетико е еден од најголемите ривали на Реал”.

Запрашан кој играч од Атлетико би сакал да го види во Реал, Гути одговара: „Тоа е тешко”.

„Не можам да одберам ниту еден кој може да игра за Реал Мадрид”.