24фудбал

Симеоне: Трпелив сум, головите ќе пристигнат

Диего Симеоне е задоволен од играта на неговите избраници против ПСВ и покрај тоа што Атлетико Мадрид не успеа да постигне гол

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид оваа сезона се мачи во нападот, и неефикасност одново беше главен проблем за избраниците на Диего Симеоне на гостувањето во Холандија.

„Јорганџиите“ имаа играч повеќе од 68. минута, но и бројчаната предност не беше доволна за Атлетико Мадрид да ја затресе мрежата на ПСВ.

Сепак, Диего Симеоне не е загрижен од слабата реализација, и вели дека е задоволен од играта што ја прикажале на Филипс Арената.

„Јас сум трпелив, головите ќе пристигнат” – рече тренерот на Атлетико по крајот на натпреварот.

„Дома ќе си одам среќен. Релаксиран сум поради фактот што реваншот го играме пред нашите фанови”.

„Момците беа одлични, горд сум на нив. Игравме против тежок противник. Второто полувреме го контролиравме и Облак немаше никаква работа”.

„Не можевме да постигнеме гол, но сеуште сме во игра за пласман во следната рунда”.

„Но кога некој ќе го даде максимумот, ќе креира шанси, и ќе игра на полето на пртивникот... тоа ме прави среќен”.