24фудбал

Енцо Зидан прв пат на тренинг на Реал под водство на татко му

Синот на Зинедин Зидан на денешниот тренинг на Реал Мадрид за прв пат се најде под палката на неговиот славен татко.

Шпанија

Енцо и друг пат има тренирано со првиот тим на Реал Мадрид, но сега за прв пат тоа се случи откако неговиот татко ги предводи „кралевите“.

На утринскиот тренинг Зидан повикал неколку играч од академијата на клубот, пракса што е честа кај шпанските великани. И нашиот Давид Бабунски додека беше во Барса често го гледавме а тренинзи со Иниеста, Месо, Чави итн.

Покрај Енцо, од тренингот биле дел и Мартин Одегаард, Маркос Љоренте и Карлос Абад.

Инаку Зидан својот син Енцо го крсти по славниот уругвајски напаѓач Енцо Франческоли кој му бул идол.