24фудбал

Кинезите му платија 4,3 милиони евра на Атлетико за фудбалер кој не заиграл во тимот на Симеоне!

Европските клубови тријат раце, Кинезите купуваат се и сешто и тоа за големи пари, Атлетико Мадрид направи голем профит за фудбалер кој не успеа ниту да заигра за првиот тим.

Шпанија

Пред некоја година Атлетико Мадрид го донесе кинезот Су Син кој не успеа да избори место во тимот на Диего Симеоне, стигна само до резервите.

Имаше можност да се покаже на неколку пријателски средби, но само го убеди тренерот дека не е доволно добар за првиот тим.

Но, Кинезите купуваат секаква „роба“ и за тоа не се штедат, Гвангжу Евергранде плати 4,3 милиони евра за да го купи Су Син од Атлетико Мадрид!