24фудбал

Зидан ја откри својата најсилна страна како тренер

Предводникот на „Кралевите“, Зинедин Зидан вели дека знае кога да змолчи и верува дека тоа му е една од најсилните страни како тренер

Шпанија

Французинот минатиот месец доби шанса да го превзеде првиот тим на Реал Мадрид по отказот на Рафа Бенитез.

Во разговор со магазинот GQ, Зинедин Зидан вели дека може да успее на Сантијаго Бернабеу и открива дека неговата најсилна страна е тоа што знае кога да замолчи.

„Како тренер, мислам дека разбирам што им треба на моите играчи и кога треба да интервенирам” – вели популарниот „Зизу“.

„Понекогаш самото мое присуство е доволно, и не треба да се зборува премногу за одредени проблеми”.

„Да се биде добар комуникатор понекогаш значи да знаете кога да замолчите. И јас сум навистина добар во тоа”.

„Знам што сакам. Ќе биде тешко, но можам да успеам на кормилото на Реал”.