24фудбал

Официјално: финалето на Копа деј Реј на Висенте Калдерон

Фудбалската федерација на Шпанија одлучи финалето помеѓу Барселона и Севиља да се игра во мадрид на стадионот на Атлетико на 22. мај.

Шпанија

Крај на полемиките и дебатите околу финалето на шпанскиот куп. РФЕФ донесе конечна одлука тоа да се игра на 22. мај во шпанската престолнина, но не на Сантијаго Бернабеу туку на Висенте Калдерон.

Стадионот на Атлетико кој има капацитет од 54.907 гледачи по тринаесетти пат во својата историја ќе организира финале од факов тип. Според рангирањето на УЕФА, Висенте Калдерон има 5 ѕвезди.

Последен пат овој стадион беше организатор на финалето во 2012 кога Барса со 3:0 го победи Атлетик Билбао.

Сите финалиња на Висенте Калдерон:

2012 Барселона - Атлетик Билбао 3:0
2008 Валенсија - Хетафе 3:1
2005 Реал Бетис - Осасуна 2:1 (прод.)
1994 Сарагоса - Селта 0:0 (5:4 пен.)
1989 Реал Мадрид - Ваљадолид 1:0
1986 Сарагоса - Барселона 1:0
1981 Барселона - Спортинг де Хихон 3:1
1979 Валенсија - Реал Мадрид 2:0
1977 Реал Бетис - Атлетик Билбао 2:2 (8:7 пен.)
1975 Реал Мадрид - Атлетико Мадрид 0:0 (4:3 пен.)
1974 Реал Мадрид - Барселона 4:0
1973 Атлетик Билбао - Кастељон 2:0