24фудбал

Зидан го праќа Хамес Родригез на психолог

Каталонскиот весник Sport пренесува дека Зинедин Зидан не е задоволен од менталната подготвеност на Хамес Родригез па го советувал играчот да разговара со психолог

Шпанија

Репрезентативецот на Колумбија имаше добра прва сезона во Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти, но плејмејкерот сега се мачи со формата, особено кога Рафа Бенитез беше на кормилото на „Кралевите“.

Хамес Родригез забележа мал напредок по доаѓањето на Зинедин Зидан, но Французинот верува дека играчот може да понуди многу повеќе.

Каталонскиот весник Sport пренесува дека Зинедин Зидан не е задоволен од менталната подготвеност на Хамес Родригез, и верува дека фудбалерот мора да го поправи овој аспект за да биде ѕвезда на голем клуб како што е Реал Мадрид.

Затоа популарниот „Зизу“ го советувал играчот да разговара со психолог.