24фудбал

„МСН“ шоу на Камп Ноу: Барселона си поигра со Селта (ВИДЕО)

Нова маестрална партија на триото Меси, Суарез, Нејмар, Барселона со високи 6-1 ја торпедираше Селта.

Шпанија

Барселона изгледа моќно оваа сезона, Каталонците вечерва приредија вистинско фудбалско шоу кое го предводеше напаѓачкото трио, со атрактивни потези и голови кое заврши со убедлив триумф над Селта.

Натпреварот беше отворен во 28. минута кога Лео Меси од слободен удар го постигна својот 250. гол на Камп Ноу, но предноста на Каталонците беше брзо анулирана, Гуидети од пенал израмни на 1-1.

По 15 минути игра во вториот дел, прекрасна асистенција на Меси до Суарез за водство на Барса од 2-1.

Во 75. минута акција Меси, Нејмар, Суарез и завршница на Уругваецот за предност од 3-1.

Шест минути подоцна неверојатен момент, потегот на натпреварот за кој долго ќе се зборува. Меси наместо да шутира од пенал му ја додаде топката на Суарез кој погоди за негов хет-трик и водство од 4-1.

Во 84. минута асистенција на Суарез до Ракитиќ за прекрасен гол на Хрватот. Точка на мечот стави Нејмар по уште една убава асистенција на Суарез.

Фантастична партија на Барселона, напаѓачкото трио на каталонскиот тим изгледа неверојатно.