24фудбал

Тотенхем продолжува импресивно, победа над Манчестер Сити на Етихад (ВИДЕО)

Тотенхем реди победи во Премиерлигата, денес на менито беше Манчестер Сити, триумф од 2-1 по кој Спарси се вратија на втората позиција на табелата.

Англија

Тотенхем предводен од Маурисио Покетино се одржува на врвот, го победи и силниот Манчестер Сити и тоа на негов терен.

Резултатот беше отворен во 53. минута по еден сомнително досуден пенал. Хари Кејн реализираше од белата точка за водство на Тотенхем од 1-0.

Во 74. минута резервистот Иначо по асистенција од Клиши го изедначи резултатот. Во тие моменти Манчестер Сити тргна кон комплетен пресврт.

Но, по едно убаво додавање од Ламела, Ериксен во 83. минута донесе победа за Тотенхем од 2-1.

Со овие три бода, Тотенхем се искачи на второто место на табелата со еднаков број на бодови со Арсенал и сега само два помалку од Лестер.