24фудбал

Пораз на Палермо, 15. минути за Трајковски

Палермо немаше најдобар старт со новиот тренер, загуби на свој терен од Торино со 3-1, Александар Трајковски ги одигра последните 15 минути од натпреварот.

Италија

Македонскиот интернационалец, Александар Трајковски од клупата го започна натпреварот, влезе во игра во 76. минута кога резултатот веќе беше 1-3 за противникот и не успеа да го врати Палермо во живот.

Натпреварот започна одлично за Палермо, по само три минути игра поведоа со гол на Џилардињо, но потоа работите тргнаа од лошо полошо.

Имобиле од пенал изедначи на 1-1, а Гонзалес во 31. минута ја погоди сопствената мрежа за 1-2, конечните 1-3 беа дело на Имобиле со неговиот втор погодок на натпреварот.

Гостинска победа славеше и Болоња на гостувањето кај Удинезе од 1-0, немаше погодоци на дуелот помеѓу Сампдорија и Милан.