24фудбал

Раниери: Да не беше црвениот ќе победевме!

Лестер водеше среде Лондон, а до 95. минута имаше и реми. Клаудио Раниери, нормално, разочаран од испуштената шанса.

Англија

Со гол длабоко во судиското надополнување Арсена го победи Лестер. Но, гостите играа со играч помалку уште од 54. минута кога Дени Симпсон доби втор жолт.

„Одличен натпревар со брзо темпо. Мислам дека 11 на 11 ќе победевме. Двата жолти за Симпсон беа прекршоци, но ниту еден не беше за картон. Зошто ли го исклучи?“

Според стратегот на Лестер, Клаудио Раниери, неговиот тим ќе славел во Лондон долку не било исклучувањето. Кога тоа се случи има аводство од 1:0.

„Арсенал е фантастичен тим, но ние имавме контрола на играта. При постигнувањето на победничкиот гол се покажаа попаметни од нас.“

„Сакавме да победиме и да одиграме убаво. Изгубивме, така да честитки до противникот. Ние сè уште сме први и сега ќе се фокусираме на Норич.“