24фудбал

Погба: Меси ми даде неколку совети

Играчот на Јуве, Пол Погба откри дека Лео Меси го советувал како да стане уште подобар фудбалер.

Италија

„Играм за да бидам прв, не сакам да бидам втор. Мојата животна цел е да ја освојам Златната топка.“

Токму за време на церемонијата на доделувањето на Златната топка, која за изминатата 2015 година ја доби Меси, Погба имал шанса да помуабети со Аргентинецот: „Лео Меси ми даде неколку корисни совети.“

„Зидан е мој идол, тој е неверојатен. Кога тој зборува, целиот свет го слуша.“ - дали Погба скришно најави преселба во Реал сега кога токму Зинедин Зидан го предводи „кралскиот“ клуб? Но, и Барса е заинтересирана за него...