24фудбал

Шпанија се врати на Европскиот трон, го освои пехарот во Белград!

По четири години селекцијата на Шпанија повторно е на Европскиот трон, откако во финалето со убедливи 7-3 ја совлада Русија.

Останато

Шпанија го освои Европското првенство во Белград откако беше убедливо подобар противник од селекцијата на Русија совладувајќи ја со 7-3.

Црвената фурија покажа дека е апсолутен владетел во Европа во овој спорт откако на 10. јубилејно првенство стигна до седмото злато.

Ова беше и слатка одмазда на Шпанија, бидејќи пред две години на Европското првенство во полуфиналето беа елиминирани токму од Русија.

Домаќинот Србија остана без медал откако во натпреварот за третото место загуби од Казакстан со 5-2.