24фудбал

Ван Гал: Лига Европа сега ни е најдобра шанса за пласман во Лигата на Шампионите

Луј ван Гал полека признава пораз во обидите да се обезбеди топ четири пласман, вели дека триумф во Лига Европа сега е најдобра шанса на Манчестер јунајтед за настап во Лигата на Шампионите

Англија

„Црвените Ѓаволи“ денеска имаа уште една разочарувачка партија и загубија на гостувањето кај Сандерленд.

Луј ван Гал е разочаран од поразот, вели дека новите загубени бодови дополнително ги оддалечуваат од борбата за топ четири пласман, и признава дека сега триумф во Лига Европа е најдобра шанса за обезбедување настап во Лигата на Шампионите.

„Сега ќе биде многу тешко” – вели Холанѓанецот. „Испуштивме пет бода на последните два натпревари. Тоа е многу во овој дел од сезоната”.

„Мораме да победиме на ваков натпревар, па самите сме си виновни”.

„Мислам дека по овој пораз, Лига Европа ни е најдобра шанса за пласман во Лигата на Шампионите”.

„Но нема да биде лесно, има многу добри клубови”.

Од минатата сезона, освојувачот на најмасовното европско натпреварување добива „виза“ за групната фаза од Лигата на Шампионите.